Кјелини: Тие што мислат дека Монако е лесен ривал – не разбираат фудбал

Јувентус вечерва во му гостува на Монако во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Италијанскиот првак важи за фаворит во овој двомеч, но дефанзивецот Џорџо Кјелини смета дека Монако воопшто не е наивен ривал. Тој потенцира дека младите фудбалери на францускиот тим имаат неверојатна самодоверба по одличните резултати во оваа сезона.

„Тие што мислат дека Монако е лесен ривал, сигурно не разбираат фудбал. Можеби по ждребот делуваше дека го добивме најлесниот противник, но ние имаме максимален респект за Монако. Тоа е тим составен од млади фудбалери кои се желни за успех, а сега се полни со самодоверба по одличните резултати што ги остварија во оваа сезона. Имаат неверојатна статистика во Франција, минаа одличен пат во Европа, победија неколку големи европски тимови, и токму затоа заслужуваат максимална почит. Тие играат на многу високо ниво, но ние имаме една цел – да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Џорџо Кјелини во пресрет на вечерашниот натпревар.

Се вчитува...