Кјелини во Јувентус до 2020 година

Италијанскиот првак Јувентус ќе го обнови договорот со Џорџо Кјелини до 2020 година. Иако искусниот дефанзивец во август ќе наполни 34 години, тој се уште игра на врвно ниво, тренерот Масимилијано Алегри максимално му верува, а раководството на клубот подготви нов договор за двегодишна соработка.

Кјелини пристигна во Јувентус во 2005 година и долго време е член на „старата дама“. Најверојатно во Торино и ќе стави крај на одличната кариера.

Јувентус успеа да ја одбрани шампионската титула во Серија А и во изминатата сезона, а Кјелини даде полн придонес во игрите на тимот.

Се вчитува...