Кјелце без одговор за Никола Ѓоргиев и ОНИКО

Никола Ѓоргиев експресно се наметна како лидер и во екипата на ОНИКО, со која прикажува се подобри игри во полскиот шампионат.

Во рамките од шестото коло овој тим полесно од очекувањата го скрши отпорот на Кјелце, славејќи на ова незгодно гостување со 0-3 во сетови. Ѓоргиев и соиграчите му препуштија на домаќинот по 21 поен во првите два сета, а Кјелце во третиот период стигна до 23 поени, премалку за да се стигне макар до сет против клубот од Варшава.

Македонскиот репрезентативец одигра одлично реализирајќи 14 поени (10 од напад, три од блок и еден ас-сервис). ОНИКО по првите шест кола се наоѓа на четвртото место на табелата со три победи и три порази, а во следното коло тимот на Ѓоргиев ќе се сретне со Бјелско Бала, екипата што моментно е „фенерџија“ на табелата.

Се вчитува...