Кјелце го пријави Вардар во ЕХФ, ќе следи казна за „Талант Петух“

Раководството на Вардар речиси сигурно ќе мора да плати казна поради контроверзниот транспарент што се појави на трибините на СЦ „Јане Сандански“ за време на дуелот со Кјелце, со кој директно беше навреден гостинскиот тренер Талант Душебајев.

На трибината „контра“ клупите беше поставен транспарент „Талант Петух“ (руски назив за хомосексуалец), поради што трофејниот стратег бесно реагираше по натпреварот, индиректно посочувајќи луѓе од самата управа на Вардар како нарачатели на истиот.

ЕХФ не реагираше, но од Кјелце се бесни на ваквиот однос кон нивниот тренер, па денеска и официјално го пријавиле целиот случај во европската куќа на ракометот. Во таборот на полскиот шампион се шокирани што рускиот судии и делегатот од Летонија не го навеле тоа во својот извештај, но убедени се дека Вардар ќе биде казнет.

На потег е Дисциплинската комисија на ЕХФ, која во најскоро време треба да се изјасни за целиот случај.

Се вчитува...