Кјелце го реши Веспрем, три од три за Манасков, Барселона убедлива со Мотор

Полскиот шампион Кjелце по поразот од Динамо Букурешт во првото коло од Лигата на шампионите триумфираше во втората рунда натпревари против унгарски Веспрем со 32-29.

Тимот на Талант Душебаев сосема заслужено дојде до победата најавувајќи ја уште со одличниот прв дел кој го доби со 17-12. Во вториот дел Кјелце имаше предност и од седум гола (22-15), за да на крајот Унгарците сведат на подносливи минус три.

Најдобри стрелци во полскиот тим беа Душебаев со седум и Морито со шест гола, додека кај Веспрем се истакна Ненадиќ со девет погодоци. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков мечот го заврши со три гола од исто толку обиди.

Барселона, во вториот денешен дуел од ЛШ, убедливо со 36-25 славеше против Мотор.

Се вчитува...