Кјелце прогласен за ракометен првак на Полска

Полска е петтата држава која одлучи комплетно да го сопре ракометниот шампионат и ги прогласи новите прваци во машка и во женска конкуренција. Тоа се Кјелце и Лублин. Први на ваков чекор се одлучија Норвежаните, а потоа следеа и Швајцарија, Шведска и Белгија.

Ракомет во цела Европа нема да има ниту во април, а многу веројатно и во мај. Се очекува ист потег да направат и федерациите на големите лиги, Германија, Франција, Шпанија, можеби и ЕХФ со европските купови.

Се вчитува...