Кјелце се премисли, повторно преговара со Скубе

Кјелце повторно тргнува во офанзива по Сташ Скубе, откако полскиот првак го обнови прекинатите преговори со средниот бек на Вардар. Сопственикот Бертус Сервас минатиот месец ги стопираше преговорите тврдејќи дека Скубе има договорен трансфер во ПСЖ за 2020, а тој не сака да го потпише Словенецот на само една година. Сепак, ситуацијата во меѓувреме се промени, обелоденето е дека Скубе се уште е без договорен ангажман за иднината, па сега Кјелце повторно ќе се обиде да ја искористи неизвесноста околу иднината на Вардар.

„Повторно разговараме со Скубе. Претходно не се договоривме, но верувам дека овојпат исходот може да биде поинаков“ – истакна Сервас за полските медиуми.

Скубе и Карачиќ функционираа беспрекорно во бековската линија на Вардар, а како што стојат работите, лесно може да се случи тие и во следната сезона да бидат тимски колеги, но во Кјелце.

Се вчитува...