КК Блокотехна: Од бесен навивач до член на управа – има разлика

Раководството на Блокотехна реагира на соопштението на МЗТ Скопје, во кое актуелниот првак на Македонија се пожали што не му биле доделени 25 билети за членови на управата за денешното гостување во Гевгелија. Второпласираниот тим на табелата ја посочи безбедноста како главен фактор за оваа одлука, со оглед на инцидентите што се случија токму од член на управата на МЗТ Скопје при последното гостување на аеродромци во оваа сала.

„Ние се консултиравме со органите за безбедност, по што ни беше сугерирано дека најдобро ќе биде да нема присуство на членови на гостинската управа, поучени од последниот меч кога токму еден член од оваа управа беша иницијатор на инцидент, фрлајќи со шише кон судиите. Наш впечаток е дека тоа лице од најтесното клупско раководство на МЗТ се уште ја нема направено трансформацијата од бесен навивач во квалитетен член на управа, па се додека тоа не се промени ние ќе стоиме на нашиот став. Во меѓувреме, на МЗТ Скопје му посакуваме полни трибини на секој домашен натпревар во неговата голема сала“ – истакнуваат од раководството на Блокотехна.

Се вчитува...