КК Гостивар: Среќна пензија Диме Тасовски! (ФОТО)

Диме Тасовски одлучи по 23 години да стави крај на богатата кошаркарска кариера. Тој во пензија заминува по поразот во четвртфиналната серија на Гостивар од Еуро Никел.

Тасовски кариерата ја почна во Жито Вардар во 1998 година, а во настапуваше и за тимовите на Вардар, Работнички, Фени Индустри, Карпош Соколи, Лирија, Струмица и Гостивар во домашниот шампионат како и Трепча и Политехника во странство.

Се вчитува...