КК Кожув се пофали со Илајџа Милер

Македонскиот кошаркарски прволигаш го официјализираше потписот на американскиот кошаркар Илајџа Милер.

Тој досега настапуваше во канадската Прва ЦЕБЛ лига каде во просек бележеше по 19.6 поени, 6 асистенции и 5 скокови.

Кожув во моментов се наоѓа на 9. позиција на табелата во Првата лига и до крајот на шампионатот ќе води жестока битка за опстанок.

Се вчитува...