КК Куманово повторно исфрлен од БИБЛ-лигата

КК Куманово и официјално е исфрлен од БИБЛ-регионалната кошаркарска лига.

Од раководството на БИБЛ денеска официјално информираа дека КК Куманово поради постојаното непридржување на регулативите за натпревари е исфрлен сезонава од ова регионално натпреварување.

„Од почетокот на сезоната КК Куманово 2009 постојано не се придржува кон официјалните регулативи на лигата, не комуницира на соодветен начин со раководството на лигата и официјалните лица, не ги почитува правилата на ФИБА во врска со протоколите за домашни натпревари, не ги почитува финансиските обврски кон судиите и комесарите. Па по разговорите и со Кошаркарската федерација на Северна Македонија, спортскиот директор на лигата Шај Штрикс претходно донесе одлука привремено да ги одложи натпреварите и да му даде можност на клубот во текот на ноември и репрезентативната пауза да ги исполни обврските. Но КК Куманово не го испочитува дадениот рок до 25. ноември, па денеска БИБЛ одлучи да го отстрани КК Куманово 2009 а неговите досегашни резултати да бидат избришани“ – се вели меѓу другото во соопштението од БИБЛ лигата.

Бидејќи КК Куманово вторпат во историјата на клубот е исфрлен среде сезона понатаму го губи правото во иднина да игра во БИБЛ-лигата.

Се вчитува...