КК Пелистер доби нов генерален спонзор

Кошаркарскиот вицешмапион на Македонија, Пелистер доби нов генерален спонзор. Се работи за компанијата Таскфорце БПО ДОО која обезбедува консултантска и административна поддршка од разновиден карактер, вклучувајќи здравствeни услуги, осигурување и маркетинг.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и Извршниот директор на Таскфорце БПО ДОО, Ацо Додовски, денеска го потпишаа договорот за заедничко вложување, управување и соработка во Кошаркарскиот клуб „Пелистер“ од Битола.

Со овој договор Таскфорце БПО ДОО се обврзува во следните три сезони да биде генерален покровител на Клубот и да ги исполнува условите од член 3 од договорот, додека општината останува 100 процентен сопственик на клубот и потребно е да постапува согласно договорените обврски.

Се вчитува...