КЛ: Лестер и Марсеј ја потврдија фаворитската улога, ПСВ и Копенхаген броеа до осум

Лестер ја потврди фаворитската улога во првиот осминафинален натпревар против Рен откако славеше со 2-0 на „Кинг Пауер“. До победа англискиот тим го предводеа Албрајтон кој ја затресе мрежата во 30. минута и Ихеаначо кој реализираше во третата минута од судиското продолжение на вториот дел.

Улогата на фаворит ја потврди и Марсеј кој го доби мечот со 2-1. Малик ги донесе Французите до предност во 19. и 68. минута, а поразот го ублажи Еспиносо во 79. минута.

ПСВ и Копенхаген пак одиграа еписки натпревар на кој беа постигнати осум гола, додека Бодо/Глимт славеше со 2-1 против Алкмар.

Се вчитува...