КЛ7 и Куманово се младински шампиони на Македонија во ракомет

Екипите на КЛ7 и на Куманово се шампиони на Македонија во младинските лиги во ракомет што се играат по скратен систем и завршија во теекот на вчерашниот ден

КЛ7 предводен од Игор Котевски во полуфиналето славеше над Еурофарм Пелистер 2, за во финалето да триумфира убедливо против Велес со 37-28.Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на КЛ 7, Емилијан Ѓорговски со десет гола. Во таборот на Борец, Јован Атанасовки беше прв стрелец со седум гола. Во натпреварот за третото место, Еурофарм Пелистер 2 немаше проблеми против Скопје 2020 и славеше со резултат 30:19.

Куманово ја потврди доминацијата на женската ракометна сцена откако по двојната круна во сениорска, кумановки стигнаа и до трофејот во младинска категорија. Финалето против Металург донесе голема битка во која тимот од Скопје на полувреме имаше водство од 10-11, но кумановки го свртеа резултатот во своја полза и триумфираа со 24-23.

Најефикасна во редовите на Куманово беше Сара Цветановска со осум погодоци која беше и прв стрелец на турнирот. За најдобра голманка на турнирот беше прогласена Марија Јовановска од Куманово.

Се вчитува...