КЛ7 славеше на првата контрола со Аеродром

Новиот ракометен суперлигаш КЛ7 триумфираше со 31-23 на првиот контролен натпревар што го одигра против екипата на Аеродром. Тренерот Бошковски им даде шанса на сите ракометари на овој натпревар, но триумфот на КЛ7 во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Суперлигашот од самиот почеток ја имаше контролата на натпреварот а тоа го најавија со водство од 4:1, водство кое го задржаа до крајот на првиот дел односно 15:8. Вториот дел продолжи во ист ритам, па конечниот резултат гласеше 31:23. Димовски со шест и Стојков со пет гола беа најефикасни во овој триумф на скопскиот клуб.

КЛ7 денеска ќе одигра уште еден контролен натпревар, против суперлигашот Прилеп, меч закажан за 18.30 часот.

За терминот од 18.30 часот е предвидена и втората денешна контрола против ракометниот клуб Прилеп.

Се вчитува...