Клајн и Соланке „во пакет“ од Ливерпул во Бурнемаут

Натаниел Клајн доби зелено светло да си замине од „Енфилд роуд“, па десниот бек следните шест месеци ќе ги мине во редовите на Бурнемаут. Двата клуба се договорија околу деталите за шестмесечната позајмица на дефанзивецот, со можност Бурнемаут на крајот од сезоната целосно да го откупи неговиот договор со „црвените“.

Клајн до пред две сезони важеше за стандарден првотимец кај Јирген Клоп, но честите повреди придонесоа тој да го загуби ваквиот статус. Тој беше трет избор на Клоп сезонава, зад Арнолд и Гомез, што беше доволна причина самиот да побара да му биде дозволено да ги промени клупските бои.

По стапките на Клајн тргна и напаѓачот Доминик Соланке, кој попладнево во перманентен трансфер од вкупно 19 милиони фунти се пресели во Бурнемаут. Тој требаше да замине на позајмица во Кристал Палас, но откако таа опција пропадна Ливерпул и Бурнемаут постигнаа договор за младиот голгетер кариерата да ја продолжи во овој клуб.

Се вчитува...