Клајверт: Чест е да се носи дресот на Рома

Џастин Клајверт летово беше желба на бројни европски клубови, на крајот за следна дестинација ја избра Рома, одлука за која холандскиот ас е убеден дека е вистинска за натамошен развој на неговата кариера.

„Ја избрав Рома бидејќи сакав промена, чекор напред во кариерата и верувам во својот избор. Разговарав со семејството, сите бевме сложни дека Рома е вистинскиот клуб за мене и чест ми е што ќе го носам дресот на оваа екипа“ – истакна Клајверт.

Младиот Џастин, кој ја чинеш „волчицата“ 17,25 милиони евра, не крие дека најважните совети за кариерата ги добива од својот татко Патрик Клајверт, кој во својата блеска кариера има постигнато 122 гола за Барселона.

„Татко ми имаше одлична кариера, така што е нормално да го прашам за совет. Мило ми е што го имам крај себе, ме охрабрува и во секој случај ми го мисли најдоброто, така што секогаш сериозно ги прифаќам неговите зборови“ – вели Џастин Клајверт.

Се вчитува...