Клајверт си оди од Рома, следна дестинација – Бундес-лигата

Џастин Клајверт ќе ја напушти Рома до крајот на овој преоден рок и ќе замине во Бундес-лигата, каде негов нов клуб ќе биде Лајцпиг. Оваа екипа влегува со големи амбиции во новата сезона, а тренерот Нагелсман во Клајверт гледа идеално засилување на офанзивната линија.

Станува збор за фудбалер кој имаше исклучителен старт на сезоната во дресот на Ајакс, но Клајверт не ги оправда очекувањата во Рома, каде тренерот Фонсека не смета сериозно на неговите услуги. Арсенал покажа интерес, но не се договори со Рома, но Лајпциг веќе има договор – исплата од 1,5 милиони евра за позајмицата, плус клаузула за која германскиот клуб ќе може да го откупи договорот на Холанѓанецот со „волчицата“.

Рома планира по заминувањето на Клајверт експресно да го замени овој фудбалер со Стефан Ел Шарави, со кого е постигнат начелен договор за враќање назад на „Олимпико“.

Се вчитува...