Класа сме за Косово, ќе го покажеме тоа и на терен (фотогалерија)

Македонските кошаркари продолжуваат со подготовките за претстојниот квалификациски дуел со Косово, а атмосферата не е нарушена ниту со првиот проблем со повреда, откако Младеновски отпадна од комбинација за настап на неделниот натпревар.

Дел од нив го следеа вечерашниот меч меѓу Романија и Косово, по кој уште пооптимистички тврдат дека гостинот ќе нема што да бара в недела во Гевгелија. Ставот на сите е едногласен – се ќе зависи од нас и нашата игра, а токму затоа сите се сконцентрирани да дадат се од себе за победничката серија да продолжи и да се направи уште еден чекор напред кон главните квалификации за Евробаскет 2021.

Македонија од утрешниот утрински тренинг ќе биде комплетна откако вечерва пристигна селекторот Давитков заедно со интернационалецот Стојан Ѓуроски. „Црвено-жолтите“ утрешниот утрински тренинг ќе го одржат во Скопје, по што ќе следи пат до Гевгелија и подготовки во салата на одигрување на натпреварот.

Се вчитува...