Класичен нокаут: Вардар – Зенит 0-5 (ВИДЕО)

Македонскиот првак Вардар доживеа класичен нокаут од рускиот клуб Зенит на своето деби во групната фаза од Лигата на Европа. Зенит славеше со убедливи 0-5 и им одржа на „црвено-црните“ вистинска лекција како треба да се игра во Европа. Но, разликата е евидентна, Зенит е сепак моќна фудбалска институција, а Вардар е сепак дебитант во групите од второто по ранг европско натпреварување.

Александар Кокорин со два гола за 20 минути ја начна мрежата на Вардар, а до крајот на првиот дел и му асистираше на Артем Ѕјуба за 0-3. Во вториот дел стрелаа и Бранислав Ивановиќ и Ригони, за комплетирање на убедливиот триумф на Зенит.

All Goals & highlights – Vardar 0-5 Zenit St… by goalsarena2017Emiliano Rigoni Goal HD – Vardar 0-5 Zenit… by MixxiTV1

Се вчитува...