Класниќ: Косата ми падна поради некој вирус, двапати на ден земам таблети и често размислувам што значи животот

Прославениот поранешен хрватски репрезентативец Иван Класниќ вели дека колку знае и умее се справува со болеста на бубрезите која му беше дијагностицирана во 2006 година.

По трансплантацијата на мајчиниот бубрег кое телото го отфрли, како и потоа оној на неговиот татко, дури по третата трансплантација доби бубрег со кој живее и денеска.

„Медицинат едноставлно не напредуваше толку за да може да гарантира дека трансплантираниот бубрег ќе биде вечен. Мајчинот бубрег организмот многу брзо ми го отфрли, а татковиот работеше девет и пол години. Сега имам бубрег на почината жена која не знам која е, само знам дека тогаш била две години постара од мене“ – вели поранешниот фудбалер на Вердер.

А денес Класниќ изгледа многу поразлично. Ја загуби и косата, но како што вели се чувствува добро.

„Земам таблети двапати дневно. Добив и некој вирус па ми падна косата, но докторите велат дека можеби ќе се врати. Најважно е дека бубрегот добро работи. Во тешките времиња сила пронаѓов во верата и семејството. Таа 2006 години ми се роди и првата ќерка и тоа многу ми значеше. Низ сите тие денови на болеста често размислував што е важно а што не во животот. Често сега ги прашувам луѓето знаат ли тие што значи животот. Јас им предлагам длабоко да размислат што значи животот“ – вели Иван Класниќ.

Се вчитува...