Клаудио Маркисио почнува нова кариера

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клауди Маркисио почнува нова кариера. Фудбалерот кој поради тешката повреда минатиот октомври реши да ја заврши фудбалската кариера, ќе работи како новинар за „Кориере Торино“.

„Од денеска Клаудио Маркисио почнува соработка со „Кориере Торино“, стои на насловната на весникот. 

Тој најголемиот период од кариерата го помина во Јувентус, а покрај за тимот од Торино настапуваше и за Емполи и Зенит Санкт Петербург.

Се вчитува...