Клаудио Пизаро ќе забива за Келн

Екипата на Келн го потпиша поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Клаудио Пизаро. 38-годишниот фудбалер ќе биде дел од тимот до крајот на оваа сезона.

„Келн е клуб со традиција, се надевам дека со моето искуство и квалитети ќе помогнам на клубот во оваа сезона“, изјави Пизаро.

Екс-репрезентативецот на Перу, во Бундеслигата забележал вкупно 430 натпревари за Баерн и Вердер, на кои постигна вкупно 191 гол и забележа 73 асистенции. Пизаро своевремено го носеше и дресот на Челси, но само една сезона, во која настапи на 21 меч, а постигна само два погодоци.

„Пизаро е напаѓач со одлично чувство за гол, знае да користи шанси, а тоа е добро за нашиот тим“, вели тренерот на Келн, Питер Штегер.

Се вчитува...