Клеман: Сакам од Монако да создадам семејство

Филип Клеман денеска беше промовиран како нов тренер на францускиот прволигаш, Монако. На промоцијата тој изјави дека цел ќе му биде да создаде една фамилија во тимот од „кнежевството“.

Тој во Монако доаѓа на местото на Нико Ковач кој доби отказ од клубот.

„Немав многу време да ги анализирам натпреварите на Монако бидејќи последните неколку дена беа многу бурни, но почнавме да разговараме и веќе го имам првиот впечаток. Иако моментално е повреден, овде имам поранешен играч од Бриж (Крепин Диата). Нормално е да ви треба време за адаптација и да ги запознаете играчите. Ги гледате натпреварите, но не ги познавате луѓето кои стојат зад играчите и ние ќе започнеме со тоа денеска. Не е лесно со Ковид, но исто е за сите и ја знам Лига 1 затоа што игравме против ПСЖ во Лигата на шампионите. Лига 1 е многу физичка, со многу посветеност, има многу заедничко со Белгија, но нивото е повисоко. Сакам да создадам семејство, така што сите ќе го имаат истото на ум, иако размислувањето на играчите стана поиндивидуалистички. Ова отсекогаш беше мојата сила, минатата година и со различни тимови“, изјави Клеман. 

 

Се вчитува...