Кличко повторно се огласи: Ова е пекол, верувајте…

Владимир Кличко, помладиот брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, уште еднаш се огласи од разорениот Киев откривајќи ги сите ужасни моменти на војната во Украина.

Поранешниот светски шампион откри дека и многу новинари ги загубиле своите животи, дури и наспроти фактот дека биле невооружени и целосно безопасни. Кличко вели дека Русите веќе не почитуваат никакви правила напаѓајќи ги жителите на градовите без ниту најмало воздржување.

„Сакам само да ја кажам вистината. Во овие 49 дена откако почна руската инвазија бомбардирани сме со ракети, фрагментирани проектили, погодени се станбени квартови, имаше бројни воени злосторства. Убиени се деца, жени, старци се мачени и убивани. Ако сте сега во Украина нема гаранција дека ќе преживеете, па дури и за новинари кои се тука невооружени и по своја задача. Новинари се убивани од снајперисти и покрај тоа што носеа ‘Прес-елеци’. Ова е навистина немилосрдна војна против човештвото“ – вели Кличко, кој признава дека поранешната професионална боксерска кариера му помогнала да го издржи ова тешко време, и психички и физички.

„Тоа се случува. Поради рингот сум тоа што сум, тоа ми помогна да се спротиставам психички и физички. Ова е пекол, верувајте“ – вели Кличко за „Газета дело спорт“.

Се вчитува...