Клиперси прокоцкаа „+24“ во Вашингтон

Вашингтон по голема битка славеше над ЛА клиперс со 125-118, прекинувајќи ја серијата од пет победи на гостинскиот тим. Клиперси имаат за што да жалат бидејќи на средина од втората четвртина имаа предност од огромни 24 поени, што сепак не успеаја да ја задржат до самиот крај и да ја претворат во конечен триумф. Пресудни беа последните десет минути во кои Вашингтон славеше со 39-26, а тројца домашни кошаркари (Вол, Бил и Грин) постигнаа по десет поени, носејќи целосен пресврт. Ова е вториот најголем пресврт во НБА-лигата оваа сезона, откако Атланта претходно славеше по негатива од 26 поени на мечот со Далас.

Џон Вол беше најефикасен со 30 поени, Бредли Бил постигна 27 за Вашингтон, а прв стрелец кај гостите од Лос Анџелес при денешниот пораз беше Тобијас Херис со 29 поени.

Mаксимално возбудливо беше во Орландо, каде домаќините по голема битка загубија од Торонто со минимални 91-93, со поените што на половина секунда до крајот ги постигна Грин.

Резултати НБА: 

Орландо – Торонто 91-93, Вашингтон – ЛА клиперс 125-118, Мајами – Бруклин 92-104, Њујорк – Портланд 114-118.

Се вчитува...