Кливленд без својата ѕвезда на стартот на сезоната

Најпријатното изненадување во НБА лигата, екипата на Кливленд новата сезона ќе ја започне без својот стартен плејмејкер Дариус Гарлен кој по елиминацијата во плеј-офот замина под оперативен зафат на големиот прст на ногата и мора да паузира од четири до пет месеци.

Оваа повреда го мачеше американскиот бек и во текот на сезоната, но му се стави на располагање на својот тим во плеј-офот одигрувајќи пет натпревари.

Оваа сезона Гарленд беше еден од лидерите на Кливленд со просек од 20.6 поени, 6.7 асистенции и 2.9 скокови.

Се вчитува...