Кошаркарите на Кливленд кавалирс поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија од плеј-офот во Источната конференција во НБА лигата против Торонто репторс откако вечерва без проблеми славеа на домашен терен со 126-113.
Домаќините на овој натпревар уште од самиот старт го контролираа натпреварот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да стигне до поволен резултат.
Донован Мичел со 32 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ер Џеј Берет постигна 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
