Клижан се откажа во дуелот против Ѓоковиќ

При резултат од 2-0 во гемови во вториот сет за српскиот тенисер во вториот сет, Словакот Мартин Клижан го предаде мечот поради повреда. Новак Ѓоковиќ лесно, но и неочекувано брзо го мина првото коло од Вимблдон.

Поранешниот прв светски рекет диктираше темпо од самиот почеток, лесно го освои првиот сет со 6-3 во гемови, а откако Клижан побара лекарска помош на почетокот на вториот сет, немаше сили во продолжението, па пред време стави крај на средбата.

Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против Адам Павласек, кој денес во дуелот од четири сета, го совлада Ернесто Ескобедо со  6-7, 6-1, 6-3 и 6-1.

Се вчитува...