Клод Пуел ќе го преземе кормилото на Лестер

Францускиот стратег Клод Пуел е пред промоција на клупата на англискиот премиерлигаш Лестер. По отказот што го заработи Крег Шекспир, раководството на „лисиците“ разговараше со неколку кандидати, но се очекува поранешниот менаџер на Саутемптон да биде именуван за нов тренер.

Лестер се наоѓа на 14.позиција на табелата со девет освоени бода, а интересно е дека забележа победа над Свонси (1-2) на гости откако Крег Шекспир беше отпуштен.

Се вчитува...