Клоп: Алисон повеќе да брани, помалку да дрибла

Алисон Бекер и трет натпревар по ред е без примен гол во Премиер-лигата, вечерва имаше и одлична интервенција во самиот финиш од дуелот со Бурнемаут, но однесувањето на Бразилецот на теренот не му се допадна на Јигрен Клоп. А кога нешто не му се допаѓа на стратегот на Ливерпул, тој отворено говори, па тоа беше случај и со предолгото задржување на топката од страна на Алисон.

„Нема да се жалиме, Алисон со одбраната само потврди дека е врвен голман, но јас многу повеќе сакам кога тој брани, отколку кога се обидува да дрибла. Префрлањето на противничкиот играч беше атрактивно, но ако згрешеше тоа беше чист гол, а не треба да се преземаат такви ризици. Во кариерата сум имал дефанзивци што правеле вакви финти, како Матс Хумелс, и никогаш не е пријатно да гледаш и да стравуваш дека може да дојде до грешка. Би сакал Алисон повеќе да брани, а помалку да дрибла“ – јасна е пораката на Јирген Клоп до голманот на Ливерпул.

„Црвените“ моментно се наоѓаат на првото место на табелата со девет бода и гол-разлика 7-0, а во следното коло избраниците на Клоп ги очекува гостување против Лестер.

Се вчитува...