Клоп: Бевме одлични, но до 80.минута

Ливерпул оствари триумф од 5-2 против Рома на „Енфилд“ во рамките на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, е задоволен од победата, но не му е драго што тимот прими два гола во финишот од дуелот.

„Бевме одлични во првите 80 минути. Ќе бев многу посреќен доколку мечот завршеше 5-0 или 5-1, но момците одиграа навистина на високо ниво. Не можевме ниту да замислиме ваков резултат за нас пред мечот. Ќе одиме во Италија и ќе се обидеме и таму да победиме“, изјави Јирген Клоп по триумфот над Рома.

Се вчитува...