Клоп без Ловрен најмалку до септември

Дејан Ловрен нема да може да настапува за Ливерпул најмалку до почетокот на септември, поради повредата на стомачните мускули што ја заработи за време на СП во Русија. Тој уште пред една седмица почна со тренинзи, но не може да работи со полна пареа, па мораше да замине и на специјалистички преглед во Холандија.

„Станува збор за стара повреда што ја имаше и во финишот од ланската сезона. Тогаш Ловрен не тренираше често, но игравме на секои три дена и успеваше да настапи и да се одржи во форма. Сега во Русија играше три натпревари по ред по 120 минути, што очигледно влијаеше состојбата да се влоши. Јасно е дека не е во целосен тренажен процес и ќе мора да отсуствува уште извесно време“ – изјави Клоп.

Во отсуство на Хрватот шанса крај Ван Дајк на првиот меч сезонава доби Џо Гомез, кој одлично си ја заврши работата против Вест хем и се очекува да остане стандарден и на следните три натпревари, против Кристал палас, Брајтон и Лестер.

Се вчитува...