Клоп до Чеферин: Укинете ја Лигата на Нации, не постои полуда идеја во светот на фудбалот

Лигата на Нации и донесе среќа на Македонија, откако нашата репрезентација токму преку ова ново натпреварување обезбеди пласман на ЕВРО 2020.

Сепак, од ден на ден се поголем е бројот на критичари на ова натпреварување, па така Јирген Клоп обелодени дека во последната комуникација со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, побарал да се размисли за укинување на Лигата на Нации.

„За мене секогаш е лоша идеја кога некој измислува нешто за да се играат уште повеќе натпревари од оние што ги имаме во моментов. Погледнете ја Лигата на Нации, мислам дека не постои полуда идеја во светот на фудбалот. Имаме играчи кои настапиле на над 70 средби сезонава, а сега треба во јуни да играат по четири-пет средби за своите репрезентации. Му кажав и на Чеферин, УЕФА треба да се задоволи, да си ги земе парите по завршницата од Лигата на Шампионите и да ја укине Лигата на Нации“, истакна Јирген Клоп.

Се вчитува...