Клоп донесе тренер-специјалист за аут во Ливерпул

Јирген Клоп е решен од секој можен аспект да ја подобри играта на Ливерпул, а дека германскиот стратег внимава буквално на секоја ситница доказ е ангажманот на Томас Гронемарк, кој во европскиот фудбал важи за најдобар тренер-специјалист за изведување на аути.

Овој Данец работеше со Митјиланд кога овој тим ја освои првата титула во клупската историја, потоа извесно време беше ангажиран и во Шалке и Херта, за сега да постигне договор да стане член на стручниот штаб на Клоп во Ливерпул.

Под негово водство и тренинг е изведен и најдолгиот аут во фудбалската историја, неверојатни 51,33 метри.

„Митјиланд покажа дека долгите аути можат да бидат многу значајно оружје ако ја користите вистинската тактика, надополнета со прецизност и тактичка подготвеност“ – изјави Гронемарк.

Се вчитува...