Клоп е човек со интегритет: Не ми се допаѓа Суперлигата, сакам Вест Хем да се бори за ЛШ…

Јирген Клоп пред две години гласно говореше против формирањето на Суперлига како ново европско фудбалско натпреварување. Затоа, јавноста со нетрпение го очекуваше појавувањето на стратегот на Ливерпул пред камерите во пресрет на дуелот со Лидс Јунајтед.

Германецот уште еднаш докажа дека е човек со интегритет, цврсто останувајќи на ставот дека не му се допаѓа формирањето на новото натпреварување.

„Моето мислење не е променето, јас отсекогаш сум бил за Лигата на Шампионите како натпреварување на најдобрите, според спортски заслуги. Тешко е за сите нас, не знаеме премногу, најчесто она што го читаме по весниците, ниту јас ниту пак играчите не беа консултирани за оваа одлука. Луѓето околу нас не се среќни и целосно ги разбирам. Мене лично ми се допаѓа идејата Вест Хем да се бори за место во ЛШ, тоа е и една од убавините на фудбалот“, изјави Клоп.

Потоа, Германецот испрати порака до раководството на клубот.

„Да не се заборави: Најважни делови од секој клуб се екипата и навивачите. И треба сите да се погрижат ништо да не им застане на патот“, порача Јирген Клоп.

Се вчитува...