Клоп го избра наследникот на Ван Дајк, преговорите почнуваат наскоро

Јирген Клоп ќе мора да се снаоѓа и да ја „крпи“ дефанзивната линија на Ливерпул до крајот на годинава, но Германецот јасно ставил до знаење дека очекува нов врвен одбранбен фудбалер на самиот почеток од следниот преоден рок. Трофејниот стручњак веќе го избрал и посакуваното засилување – Дајот Упамекано, а клупските директори на Ливерпул веќе најавиле дека во најскоро време ќе ги почнат преговорите со Лајпциг за овој фудбалер.

Двата клуба се во добри односи уште од реализираниот трансфер на Наби Кеита на „Енфилд“, кога Ливерпул речиси цела година однапред го потпиша договорот и го осигура трансферот на одличниот играч за врска. Упамекано е врвен млад фудбалер за кого се интересираат и Баерн Минхен, Арсенал, Челси и Барселона, па Ливерпул ќе настојува што поскоро да ги финишира овие преговори и да го осигура потписот на Французинот уште пред да почне преодниот рок. ЛАјпциг одби неколку понуди летово, Французинот потпиша нов договор и доби ветување дека ќе може да си замине во блиска иднина, а Ливерпул веќе подготви 50 милиони евра за Упамекано веќе во јануари да се пресели на „Енфилд“.

Ливерпул утре му гостува на Ајакс во Лигата на Шампионите, меч за кој Клоп најверојатно покрај на Ван Дајк нема да може да смета ниту на Матип, кој исто така заработи повреда на градското дерби со Евертон.

Се вчитува...