Клоп има „план Б“ ако не дојде Ван Дајк

Јирген Клоп е цврсто решен да доведе нов централен дефанзивец во Ливерпул во текот на летниот преоден рок. Преговорите со Саутемптон за Вирџил ван Дајк траат со месеци, „светците“ не сакаат да го продадат својот капитен на „црвените“ од „Енфилд“, па Клоп е принуден да побара и резервна опција доколку во следните денови не успее да го осигура потписот на холандскиот дефанзивец.

Како што пренесуваат англиските и германските медиуми, „планот Б“ на Клоп има име – Бенедикт Хеведес. Членот на Шалке е незадоволен во клубот од Гензелирхен откако му беше одземена капитенската лента, па веќе и побарал да му биде дозволен трансфер Шалке е подготвен да му излезе во пресрет доколку добие интересна понуда, а „црвените“ се надеваат дека сума од 20 милиони фунти ќе биде доволна за Хеведес да пристигне на „Енфилд“.

Во прилог на Клоп оди и фактот дека Хеведес добро функционираше во трансфер со Матип, кој лани дојде од Шалке во Ливерпул, партнерство што сега би се обновило во редовите на англискиот прволигаш.

Хеведес целата своја кариера досега ја мина во тимот од Гелзенкирхен, за кој од 2007 година веќе одигра 240 средби во Бундес-лигата, притоа постигнувајќи и 12 погодоци. Тој има и 44 натпревари во дресот на германската репрезентација.

Се вчитува...