Клоп има план – со парите од Вајналдум го купува Тијаго

Ангажманот на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен е приоритет на Ливерпул за овој преоден рок, но актуелниот англиски првак се уште не може да постигне договор со баварскиот гигант околу висината на трансферот на шпанскиот плејмејкер.

Јирген Клоп и клупските директори имаат план, најпрвин да го продадат Џиџи Вајналдум во Барселона, а потоа парите веднаш да ги инвестираат за ангажман на Тијаго. Ситуацијата со Вајналдум е идентична како и со Тијаго, Холанѓанецот има уште една година од договорот и одбива да ја продолжи соработката. Овој фудбалер блескаше во холандската репрезентација откако Роналд Куман стана селектор, па неслучајно Куман веднаш по доаѓањето на тренерската функција во Барса побара токму Вајналдум да биде едно од првите засилувања на „Камп Ноу“.

Каталонските медиуми тврдат дека иако се не шпекулира премногу преговорите се веќе почнати и се очекува во следните неколку дена да биде официјализиран трансферот на холандскиот играч за врска во Барселона. Се очекува висината на трансферот да изнесува 30 милиони евра, идентична сума на онаа што Баерн ја бара за Тијаго, по што веднаш би бил комплетиран и трансферот на плејмејкерот на баварскиот гигант во таборот на Ливерпул.

Се вчитува...