Клоп: Имаме нерасчистени сметки со Атлетико Мадрид

Ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите не беше во полза на Ливерпул. „Црвените“ беа извлечени во втроиот шешир по Атлетико Мадрид, а од третиот и четвртиот шешир во групата „Б“ се приклучија и поранешните европски шампиони Порто и Милан.

Германскиот стартег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп сега ја коментираше групата за која вели дека нема да биде лесна, но и неговиот тим ќе оди на победа на секој меч.

„Веќе не знам колку пати игравме против Порто во изминатите неколку години, со нив знаеме што не чека. Со Атлетико Мадрид имаме нерасчистени сметки поради елиминацијата пред две сезони, додека сите добро знаеме каква историја има Милан во ова натпреварување. Ова е Лига на шампионите, играте против најдобрите во Европа и добивме тешка група. Едни од најдобрите се во нашата група, но ние сме амбициозни и одиме на победа против било кого да играме“, изјави Клоп.

Се вчитува...