Клоп: Ја сакаме Лигата на шампионите и следната сезона, сè уште не сме на жешкото столче

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека неговиот тим мора да заслужи да учествува во Лигата на шампионите следната сезона.

„Црвените“ беа елиминирани во четвртфиналето од елитното натпреварување, бидејќи Реал Мадрид беше подобар во дуелот (3-1).

„Не мислам дека ова е лошо време за нас. Игравме добро. Мораме да продолжиме така, мора да се бориме, сакаме да играме во Лигата на шампионите и следната година. Го сакаме овој турнир, важно е да учествуваме во него и од други причини. Сега мора да се концентрираме на Премиер лигата. Ова нема да влијае негативно на нас, не сме глупи. Ние го сакаме она што го заслужуваме. Ако не заслуживме нешто, тогаш ја прифаќаме ситуацијата каква што е. Тешко е, но сè уште не сме на жешкото столче. Лидс не чека во понеделник, тоа ќе биде тежок натпревар“, изјави Клоп.

Тимот од „Енфилд“ во моментов е шести на табелата во англискиот шампионат, со три бода помалку од четвртопласираниот Вест Хем.

„Знаеме каква е ситуацијата на табелата, знаеме кој колку бодови има. Исто така, знаеме со кого играме. Нема потреба да зборуваме премногу за тоа. Ние сакаме да бидеме меѓу четирите најдобри екипи во лигата, а за да го постигнеме тоа, мора да играме добар фудбал“, истакна Клоп.

Се вчитува...