Клоп: Ќе го напуштам фудбалот кога тој ќе стане само пари

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека ќе го напушти фудбалот денот кога парите ќе станат најважни.

„Кога бев во Германија, Баерн Минхен имаше 100 милиони фунти буџет за купување на фудбалери. Денеска за тие пари можете да доведете само еден фудбалер. Доколку парите станат најважни во фудбалот, јас ќе го напуштам. Стојам зад секој мој збор“, изјави Клоп. 

Јирген Клоп сезонава успеа со Ливерпул да ја освои титулата во Лигата на шампионите, а во Премиер-лигата заврши на втората позиција зад Манчестер сити.

Се вчитува...