Тијаго Алкантара одигра импресивно второ полувреме против Челси на своето деби за Ливерпул, но шпанскиот интернационалец потоа не се појави во тимот за синоќешниот дуел со Арсенал. Јирген Клоп по натпреварот потврди дека станува збор за повреда што не е нималку наивна, па Шпанецот ќе мора да отсуствува уште извесно време од терените.
„Тијаго е повреден, не може да ни помогне. Повредата не е наивна, но не и ниту премногу сериозна, очекуваме тој да се врати во тимот по паузата за репрезентации“, истакна Клоп.
Ова значи дека Алкантара сигурно ќе го пропушти следниот меч од лига-купот на Англија против Арсенал, како и премиерлигашкото гостување против Астон Вила. „Црвените“ се надеваат дека одличниот плејмејкер ќе се врати за големото градско дерби против Евертон, што ќе биде нивни прв натпревар по репрезентативната пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА