Клоп: Кој да знае што ќе правам кога ќе си заминам од Ливерпул

Јирген Клоп ги оствари и најлудите соништа на навивачите на Ливерпул, носејќи му на тимот нова европска круна, пред да ја оствари најголемата желба на „црвените“ – овосезонската титула во Премиер-лигата. Германецот е миленик на сите во клубот, неодамна потпиша нов договор до 2024 година, но Клоп нема намера да остане на „Енфилд“ по истекот на тој договор.

Во интервју за германските медиуми тој говореше за плановите за иднината, наведувајќи три опции од кои ниту една не беше останување на чело на „црвените“ по 2024 година.

„Кога ќе дојде крајот на договорот што го имам со Ливерпул, тогаш на маса ќе имам три варијанти. Да си земам една година слободно за да се одморам, веднаш да прифатам понуда од некој клуб или репрезентација или пак целосно да се повлечам“, изјави Јирген Клоп.

Германските медиуми се убедени дека Клоп ќе седне на клупата на Баерн Минхен пред да ја заврши тренерската кариера, но извори блиски до трофејниот стратег тврдат дека тој е многу позаинтересиран да стане селектор на Германија отколку да се пресели на „Алијанц Арена“, меѓу другото и од почит кон поранешниот клуб Борусија Дортмунд.

Се вчитува...