Клоп: Конечно УЕФА разбра дека не може да прави што сака

Одлуката на Еворпскиот суд дека УЕФА и ФИФА немаат право да ги санкционираат екипите кои сакаат да бидат дел од друго меѓународно натпреварување, кое не е под капата на овие организации одновно ја актуализира темата за формирање на Супер-лигата предводена од шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Но, за разлика од првичната одлука за приклучување на новото меѓунардоно натпреварување, овој пат најголемиот дел од европските гиганти се огласија против, продолжувајќи ја вербата кон УЕФА и ФИФА. Еден од нив беше и Ливерпул чиј тренер Јирген Клоп сега ја коментираше и целата идеја.

„Потполно се согласувам со ставот на клубовите, но ми се допаѓа и тоа што сфативме дека УЕФА и останатите фудбалски федерации не можат да прават што сакаат. Постојано го зголемуваат бројот на натпреварувања и натпревари, а никој ништо не смее да им каже. Ми се допаѓа тоа што УЕФА и останатите ќе биде потресени“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...