Многу ‘прашина’ имаше изминативе неколку дена по објавата на италијанските медиуми дека Јирген Клоп веќе од јуни ќе ја преземе клупата на Рома.
Иако Клоп најави дека ќе направи пауза од тренерската работа откако го напушти Ливерпул, со кого освои сè, не помина долго време пред медиумите да почнат да го „враќаат“ повторно на „терен“. Се редеа голем број клубови изминатиов период, се до деновиве кога Италијанците категорично тврдеа дека веќе е постигнат договор со Рома.
Но, германскиот стручњак се огласи за да ги отфрли сите гласини поврзани со последните шпекулации.
„Не одам во Рома. Ако читате гласини дека ќе прифатам друга тренерска работа во следните неколку години, знајте дека тоа се глупости. Ете, бидете првиот што веднаш ќе го каже тоа“ – одговори Клоп на прашањето дали ја презема римската „волчица“.
По неговото заминување, Раниери истакна дека Рома ќе го објави името на новиот тренер на 1 јули, но очигледно тоа нема да биде Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА