Клоп: Ливерпул заслужува критики, но ние нема да се предадеме лесно!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше задоволен по победата на неговите играчи над Шефилд Јунајтед синоќа, па тој изјави дека ги прифаќа критиките од јавноста, а изрази и задоволство од прикажаната игра на неговите фудбалери Роберт Фирмин и Куртис Џонс.

Ливерпул дојде до триумф против Шефилд Јунајтед по серијата од четири порази во Премиер лигата.

„Кога играме како што сакаме да играме, тимови како Шефилд Јунајтед немаат решение за нас. Сакаме да го одржиме што е можно повисоко нашето ниво. Шефилд загуби многу натпревари, но честопати тоа беа многу неизвесни дуели. Создадовме многу шанси во првото полувреме, мислам дека можевме да постигнеме три гола. Треба да ја подобриме реализацијата. Знам дека луѓето ќе не критикуваат и отпишуваат, тоа е во ред. Ја играме нашата игра – не можеме да се пласираме во Лигата на шампионите ако не постигнеме добри резултати. Треба да продолжиме во овој победнички ритам“, рече Јирген Клоп.

Ливерпул сега е на шестата позиција на шампионатот со 43 бода, еден помалку од петтопласираниот Челси, кој е на позицијата што води во Лигата на Европа. Четвртопласираниот Вест Хем Јунајтед има 45 бода.

„Многумина рекоа дека Фирмињо постигна гол, но дека е регистриран како автогол – кому му е гајле? Ако го нема во статистиката, не ми е важно, важна за него и за мене е победата. Што се однесува до Куртис Џонс, тој е врвен играч. Тој треба повеќе да биде вклучен во ситуации опасни за голот. Како и секаде, има простор за подобрување“, изјави менаџерот на Ливерпул.

Следниот натпревар „црвените“ го имаат во четврток, каде ќе се сретнат со Томас Тухел од Челси во следната рунда од Премиер лигата, а само три дена подоцна ќе се соочат со Фулам, исто така на „Енфилд“.

Се вчитува...