Клоп: Малку сум нервозен, сакам титула за Борусија Дортмунд…

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој ја водеше Борусија Дортмунд до последниот трофеј во Германија во 2012 година признава дека е малку нервозен пред денешното последно коло кое ќе одлучува за новиот шампион во Бундеслигата.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд денеска од 15:30 часот имаат шанса да ја освојата деветтата титула во Германија. Водат на табелата со 70 бода, два повеќе од второпласираниот Баерн Минхен.

„Мина многу време. Разбирам дека Баерн тоа го гледа на еден поинаков начин, но не е забавно една иста екипа секогаш да ја освојува лигата. Малку сум нервозен да бидам искрен“ – вели Клоп.

А Дортмунд ќе треба да го победи Мајнц за новата титула, уште еден тим кој бил предводен од Клоп.

„Ќе бидам среќен ако Дортмунд го победи Мајнц, се работи за титула. Нема проблем“ – вели Клоп.

Се вчитува...