Клоп: Манчестер сити и понатаму е најдобриот тим во светот

Ливерпул има седум бода предност во однос на Манчестер сити, но утревечер ќе гостува на „Етихад“ во мегапресметка која може да реши многу работи околу шампионската трка во Премиер – лигата. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, не пропушти да ги пофали „граѓаните“ во пресрет на големиот дуел.

„Манчестер сити и понатаму е најдобриот тим во светот. Можеби во моментот не се во најдобра форма, но тоа не значи дека нема да блеснат токму на утрешниот натпревар. Мораме да бидеме внимателни. Да, подготвени сме, и ќе одиме да се надигруваме, како и секогаш. Ливерпул е во одлична форма, но сето тоа ќе биде неважно кога ќе почне натпреварот“, изјави Јирген Клоп.

Првиот дуел меѓу двата тима оваа сезона одигран на „Енфилд роуд“ заврши без голови.

Се вчитува...