Клоп: Моите момци се луди, заслужено сме во финалето!

Ливерпул е во големото финале на Лигата на шампионите и ќе го предизвика европскиот првак Реал Мадрид во пресметката во Киев, на 26 мај. Англискиот тим успеа да преживее на „Олимпико“, па иако загуби со 4-2, ќе биде дел од битката за ’трофејот со уши’.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е задоволен од изданието на својот тим, а тоа го потенцираше со посебен стил.

„Моите момци се луди. Покажаа карактер, имаат победнички менталитет, а фудбалот што го играат е луд. Мислам дека заслужено остваривме пласман во финалето и сега ќе се подготвуваме за Киев. Мораме да го победиме „кралот“ за да ја преземеме круната“, изјави Јирген Клоп.

Се вчитува...